Комо обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите откако заврши на четвртата позиција во Серија „А“. Тимот беше воден од одличниот аргентински фудбалер Нико Паз, кој ова лето може да има нов клуб.
Реал Мадрид има клаузула со која може да го врати за мала сума на пари, а за него има голем интерес. Меѓутоа со оглед дека „кралевите“ веќе го ангажираа Бернардо Силва, се чини дека за Паз ќе нема место во тимот на Жозе Мурињо, па би можел да ја смени средината.
За вакво сценарио се надева и Интер кој ја чека разврската, а доколку „кралевите“ не сметаат на него, тогаш би можел лесно да заврши на „Џузепе Меаца“. Идејата е Реал Мадрид да го плати 10 милиони колку што е клаузулата, па после за околу 50-60 да го продаде на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
