Мурињо се враќа во Италија?

Жозе Мурињо ќе се врати на чело на Интер, пренесуваат медиумите во Европа. Од Интер се решени да ја прекинат доминацијата на Јувентус во италијанскиот шампионат, затоа се подготвени да го вратат на кормилото Португалецот, со кого во 2010 успеаја да ја покорат Европа.

Покрај Мурињо од таборот на „нероаѕурите“ најавуваат засилувања и во играчкиот кадар. Диего Годин веќе е потпишан, а како подршка за искусниот Уругваец во одбраната сакаат да го доведат Рафаел Варан од Реал Мадрид, а веќе е договорено и пристигнувањето на Диего Годин од Атлетико Мадрид. Во средината на теренот се шпекулира за доаѓање на Лука Модриќ од Реал Мадрид и Кутињо од Барселона, а во нападот пред потпишување се со отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Мурињо во последното интервју говореше за кариерата и за убавите години поминати на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...