Мурињо седна да вози автобус, но подобро му оди кога го „паркира“ на теренот (ВИДЕО)

Рома пред неколку дена успеа да ја освои Лигата на конференции, а тоа беше петти европски трофеј за тренерот Жозе Мурињо, во своето петто финале во сите натпреварувања.

Португалецот се запиша во историјата како прв тренер кој успеал да ги освои сите три натпреварувања во Европа.

Играчите на Рома славеа долго за успехот, а по враќањето од Тирана, славеа и во главниот италијански град Рим. Тие низ улиците на Рим се возеа со автобус, а во едно време се опушти Мурињо, па проба да вози автобус.

Мурињо не се истакна многу, затоа што за малку ќе направел инцидент. Камерите го снимаа моментот кога Мурињо за малку ќе удрел во еден полицаец кој со мотор бил пред него.

Сепак, на Португалецот подобро му оди да „паркира автобуси на теренот“, отколку да ги вози во вистинска смисла на зборот.

Се вчитува...