Мурињо: Сега сум подобар тренер отколку кога го водев Челси

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо даде интересна изјава за шкотскиот спортски медиум „Рекорд“, истакна дека е подобар тренер отколку во деновите кога го предводеше Челси, смета дека со годините созреал, па тоа му помага да носи исправни одлуки.

„Верувам дека сега сум подобар тренер од времето кога бев на клупата на Челси, бидејќи можам да ги контролирам емоциите. Во овој период се соочувам со созревањето, тоа значи дека многу повеќе посветувам внимание кога носам одлуки, не брзам и не правам непромислени потези. Минатата година некои работи не се одвиваа според планот, имавме тешка сезона, но на крајот успешно ја завршивме. Знам дека сум имал многу испади низ годините, но сега верувам дека дека повеќето одлуки ми се исправни“, вели „Специјалниот“.

Се вчитува...