Мурињо шоу: Одби да говори на италијански, на пресконференција си донесе преведувач

Жозе Мурињо и Рома конечно влегоа во серија на победи во италијанското првенство откако во 14. коло славеа на гостувањето кај Сасуило со 1-2 и тоа по целосен пресврт во второто полувреме.

Харизматичниот португалски стратег кој претходните недели претрпе големи критики од јавноста во Италија знаеше да ги искористи своите „пет минути“ па на пресконференцијата за медиуми се појави со преведувач нагласувајќи дека неговиот италијански јазик не е доволно угледен.

„Им благодарам на директорот Тиаго Пинто и останатиот дел од раководството на клубот. Последните неколку часа добив голема поддршка дека си ја завршувам задачата на вистински начин. Тимот одигра добро и јас сум среќен поради моите играчи и навивачи“, изјави Мурињо.

Се вчитува...