Мурињо шоу во Рим: Цел стадион навиваше по „нотите“ на „специјалниот“ (видео)

Жозе Мурињо ја предводеше Рома до ново европско полуфинале, вкупно 12. во клупската историја на „римската волчица“. Феенорд беше совладан по голема битка, дури по две продолженија од по 15 минути, а португалскиот стратег знаеше како да го прослави големиот успех со навивачите.

Мечот се уште беше во тек, но победата беше извесна бидејќи Рома водеше со 4-1, кога Мурињо се сврте кон навивачите и почна да „диригира“ со трибините.

Фановите возвратија на фантастичен начин, за уште една ноќ што долго нема да се заборави, во атак на нов европски трофеј откако римскиот клуб лани стигна до пехарот во Лигата на Конференции, а сега е надева дека ќе ја освои Лигата на Европа.

Се вчитува...