Мурињо шоу во Торино (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед на чудесен начин стигна до пресврт во Торино и му возврати на Јувентус за поразот на „Олд Трафорд“. Иако Кристијано Роналдо го доведе италијанскиот тим во водство, сепак, Хуан Мата и Пол Погба во самата завршница возвратија со двојна мера и донесоа триумф (1-2) за „црвените ѓаволи“.

Тоа го искористи Жозе Мурињо за да направи шоу. Се спречка со Бонучи и со Дибала, а потоа ја предизвикуваше и публиката на стадионот. Во стилот…„нешто не ве слушам, тивки сте…“    

 

Се вчитува...