Мурињо си најде работа, ќе биде „специјален“ аналитичар на руската РТ (ВИДЕО)

Жозе Мурињо ќе биде ѕвезда на програмата на руската РТ посветена на Лигата на ампионите до крајот од сезоната 2018/19. Португалецот практично се враќа на работните задачи во РТ бидејќи беше аналитичар на телевизијата за Светското првенство минатото лето.

РТ во официјалното соопштение најавува дека Мурињо ќе биде „ѕвезда“ на програмата „The special Mourinho“.

„Работата на Светското првенство за РТ беше одлично искуство и многу сум возбуден што продолжувам да работам со фантастичниот тим“ – вели Мурињо во официјалната изјава.

Мурињо остана без работа во декември кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Со новиот ангажман почнува на 7. март.

 

Се вчитува...