Мурињо со ново шоу: Рома не го загуби финалето од Севилја

Калчолигашот Рома вечерва против Шериф ја отвора европската сезона во првото коло од Лигата на Европа.

Избраниците на Жозе Мурињо лани загубија во финалето на ова натпреварување од Севилја, а сезоната пред тоа со победата против Феенорд ја освоија Конференциската лига.

Португалецот очигледно уште го боли тој пораз од Севилјаа, па даде интересна изјава пред натпреварот против шампионот на Молдавија.

„Ќе продолжам да го кажувам ова до последен ден како тренер – не го загубивме финалето на Лига Европа против Севилја. Не го загубивме финалето во Будимпешта и нема да се предомислам“, изјави Португалецот.

Во тоа финале Мурињо не беше задоволен од арбитражата на Англичанецот Ентони Тејлор. Португалецот доби суспензија од четири натпревари, откако  подоцна се појавија снимки како тој го пцуе Тејлор на паркингот, нарекувајќи го неговото судење срамотно.

Се вчитува...