Мурињо со предупредување до Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ (35) се уште се опоравува од повредата на предните вкрстени лигаменти, но неодамна тој потпиша нов едногодишен договор со Манчестер јунајтед и со нетрпение очекува повторно да се врати на терен.

Се вратив да го завршам тоа што го почнав. И клубот и јас сакавме да останам. Не можам да дочекам да се вратам на „Олд Трафорд“. Ќе дадам се од себе, првиот натпревар да го дочекам во најдобра форма“ – порача Ибрахимовиќ.

Шведскиот ас дава се од себе во рехабилитацискиот процес, дури и со преголем интензитет, што пак го загрижи Жозе Мурињо. Па, менаџерот на Манчестер јунајтед го предупреди Ибрахимовиќ да не претерува.

Златан ни е потребен. Ќе го чекаме со полно трпение. И тој мора да биде трпелив. Не треба да биде толку емотивен и да прави некои лудости за побрзо да се опорави. Знам дека сака што побрзо да се врати. И токму поради тоа сакам да биде смирен и се да прави чекор по чекор. Нека сопре малку. Го сакаме во тиомот во најдобра форма“ – истакнува Мурињо.

Се вчитува...