Мурињо: Срамота, зошто Сити плаќа 10 милиони ако не е виновен!

Жозе Мурињо очекувано го крена гласот по одлуката на ЦАС да ја поништи европската суспензија на Манчестер Сити. Португалскиот стратег истакна дека „граѓаните“ дефинитивно ги прекршиле правилата, штом се казнети парично за престапот.

„Не знам дали Манчестер Сити е во право или не, но моето гледиште е јасно, ако не си виновен, тогаш ќе си ослободен. А Сити беше спасен од европската суспензија, но ќе мора да плати 10 милиони евра. За што ќе плати 10 милиони евра ако овој клуб не е виновен. Чесноста е во тоа, ако не си виновен, си одиш без никаква казна, ако си виновен – следи суспензија. Она што беше вчера донесено како одлука е срамно за сите, отворена е вратата од циркусот за и други клубови да го прават истото“, истакна Мурињо.

ЦАС донесе одлука наместо првичната казна од 30 милиони евра, Манчестер Сити да плати 10 милиони евра за прекршување на правилата во финансиското работење, но она што е најважно – „граѓаните“ ќе можат да продолжат да се натпреваруваат во ЛШ, каде учеството им носи стотина милиони фунти секоја сезона.

Се вчитува...