Мурињо тргнува по Ракитиќ за да се поправи најскапата грешка во историјата на Тотенхем

Иван Ракитиќ извесно е ќе ја напушти Барселона по завршувањето на корона-кризата. Ваквите шпекулации уште повеќе се засилиja по неговите изјави дека клубот го третира како „вреќа компири“. Меѓу клубовите заинтересирани за хрватскиот интернационалец се вброи и Тотенхем.

Веќе неколку месеци се пишува за интересот од Јувентус, Интер и Милан, но и за можна трампа за Нејмар од ПСЖ, за да сега во приказната по трка за Ракитиќ се вклучува и Тотенхем.

Тотенхем го сака Ракитиќ како замена за најскапото засилување во историјата на клубот, Ндомбела, кого го донесоа од Лион за 60 милиони евра. Французинот не успеа да се наметне кај Мурињо, а Португалецот сака да го замени токму со Ракитиќ кого веќе долго време го нагласува како извонреден фудбалер.

Ракитиќ во Барселона пристигна пред шест години, во овој период освојувајќи четири титули во Шпанија и една европска шампионска титула.

 

 

 

Се вчитува...