Мурињо учи германски, Нико Ковач се „тресе“

Жозе Мурињо ќе биде без ангажман на стартот од сезонава, но Португалецот ја вклучи и Германија на листата на можни дестинации. Во изјава за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ тој откри дека почнал да учи германски јазик, подгревајќи ги шпекулациите дека е сериозно заинтересиран за преселба на клупата на Баерн Минхен.

„Во моментов учам германски јазик. Бундес-лигата? Не можам да исклучам ништо, дури ни преселба во Германија. Но јазикот го учам бидејќи сакам да го зборувам, како што зборувам англиски, шпански, француски, италијански и португалски“ – истакна Мурињо.

Нико Ковач го преживеа ланскиот „бунт“ на фудбалерите, Хрватот освои двојна круна и ќе остане на стартот од сезонава. Сепак, во ситуација кога „специјалниот“ ќе биде достапен за трансфер јасно е дека притисокот врз Ковач ќе биде уште поголем, па секој „кикс“ на хрватскиот стратег може да значи и отказ.

Се вчитува...