Мурињо во елемент: Јас сум виновен и за Брегзит и за дождот во Лондон

Жозе Мурињо се најде на работ на амбисот откако неговиот тим по само десет минути игра губеше 0-2 од Њукасл. Сепак, Манчестер јунајтед собра сили за пресврт и победа од 3-2, давајќи му сила на „специјалниот“ при обраќањето пред новинарите по натпреварот.

Португалецот се пожали на притисокот со кој се соочува пред секој натпревар и начинот на кој медиумите редовно во него го бараат виновникот.

„Одам во Лондон вечерва, ако врне значи јас сум виновен. Ако имате проблем со Брегзит, и за тоа сум јас виновен. Верувајте, не им е лесно на играчите секој ден да читаат различни работи за својот тренер. И за мене не е лесно, но животот се состои од бројни искуства, некои се нови, а за мене голем дел се дежа-ву. Да бидам искрен, ова ми е нова ситуација, но ќе ме направи не само подобар тренер, туку и подобар човек. Имам 55 години, но прв пат гледам лов на човек. Можам да се носам со тоа, можам да преживеам, дел од моите играчи полошо се снаоѓаат со ситуацијата, но верувам дека ќе излеземе од оваа ситуација како победници“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...