Мурињо во елемент: Самиот сум си виновен, ги научив луѓето на победи и пехари

Самобендисаноста на Жозе Мурињо повторно е тема на англиските медиуми откако „специјалниот“ приреди шоу на прес-конференцијата против Хадерсфилд, истакнувајќи дека самиот си е виновен што од него се бараат добри игри, победи и трофеи. Мурињо, кој во кариерата освои се што можеше да се освои, беше критикуван по бункерот што го постави на „Енфилд“, кога неговиот тим остана непоразен на дербито со Ливерпул, 0-0.

„Некои тренери добиваат време за да си ја наметнат фудбалската филозофија, можност за поправен. Кај мене тоа не е случај, самиот сум си виновен, ги научив луѓето на победи и на трофеи, па со секој послаб резултат, дури и со послаба игра слушам критики. Факт е дека играме добро во дефанзива, тоа е така бидејќи знам дека не можеме да даваме по четири пет гола на секој меч, па настојувам да примиме гол помалку од противникот. Се говори за многу работи, но сите премолчуваат кога последен пат Јунајтед имал девет бода по три кола во ЛШ. Играме добро, бележиме победи, навистина не гледам потреба од критики и анализи“ – истакна Мурињо.

Португалецот за денешниот дуел со Хадерсфилд повторно нема да може да смета на Фелаини, Карик и Погба во средниот ред, како и на дефанзивците Рохо и Баи.

Се вчитува...