Мурињо „во елемент“: Што да правиме кога Челси е повластен клуб

Манчестер јунајтед врза пет победи во низа, но сепак се наоѓа само на шестото место на табелата во Премиер-лигата, со огромни 13 бода заостанување зад лидерот Челси. А Жозе Мурињо не би бил „специјален“ ако секогаш не би нашол причина и аргумент за да се пожали за нееднаков третман, во случајов во споредба со својот поранешен клуб.

Мурињо е разочаран што Јунајтед ќе игра денеска натпревар во Премиер-лигата (во Лондон против Вест хем), 48 часа по последниот меч, додека Челси ќе добие уште два дена за одмор, со оглед на фактот дека „сините“ дербито со Тотенхем ќе го играат дури в среда навечер.

Тешко е да се играат два меча во рок од 48 часа, секако дека е тешко. Иста е ситуацијата и за Вест хем… Што да правиме кога Челси е повластен клуб“ – се пожали Мурињо на прес-конференцијата пред денешниот натпревар на „Аптон парк“.

Португалецот се соочува со проблеми околу кроењето на тимот откако Блинд и Руни отпаднаа од комбинација поради повреди, а Бејли мораше да замине на подготовки со својата репрезентација на Купот на Африкански Нации, па во следните триесетина дена нема да може да настапува за „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...