Мурињо: Во кариерата не сум имал многу што се подобри од Матиќ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо уште еднаш, по којзнае кој пат, не ги штеди пофалните зборови за Немања Матиќ.

Во текот на својата тренерска кариера Мурињо имал можност да соработува со бројни врвни фудбалери како Лампард, Дрогба, Роналдо, Тери, Ето, Занети…, но како што вели посебно ако треба да издвои некого би го издвоил српскиот репрезентативец Немања Матиќ.

„Со Матиќ само малкумина може да се споредат. Не можам да кажам дека сум имал многу фудбалери подобри од него. Ние двајцата имаме нешто меѓу нас што ќе остане запаметено засекогаш, а тоа е мечот кој го почна на клупата и потоа го внесов во игра од 46. минута а го извадив во 70. минута. Новинарите веднаш бараа приказна, сакаа крв, негова или моја, или од двајцата. Беше многу тажен. Такво нешто имам направено само двапати во кариерата“ – вели Мурињо и дополнува:

„Но, тој остана вистински професионалец. Следниот ден дојде кај мене и ми рече: ‘Не сум задоволен, но грешев и знам зошто ме заменивте. Затоа одиме понатака… Не работевме уште долго тогаш заедно во Челси, затоа што јас набрзо добив отказ. Но, тој секогаш и по тоа остана еден од ‘моите момци’, еден од играчите со кои останав близок низ годините, иако не соработувавме. Знам колку добар човек е, и колку созреа како фудбалер“.

Па, токму на исистирање на Мурињо, Манчестер јунајтед ова лето издвои 45 милиони евра за доведување на Немања Матиќ.

Се вчитува...