Мурињо во војна со новинарите: Се гледаме во осум наутро

Жозе Мурињо чувствува притисок од сите страни, а „специјална војна“ води со новинарите кои се погласно најавуваат негова смена. На Португалецот му пречи тоа што секојдневно се пишуваат статии за Зинедин Зидан како главен фаворит за негов наследник, па реши да им врати на новинарите – закажувајќи прес-конференција во осум часот наутро.

Манчестер јунајтед в сабота ќе го пречека Њукасл, но прес-конференцијата што вообичаено се одржува во 13 часот, но на „специјално барање“ на „специјалниот“, истата утре ќе се одржи пет часа порано од нормалниот термин.

Пораката во британската јавност е прочитана и прифатена, но и на Мурињо сигурно му е јасно дека џабе му се војните со новинарите, доколку не почне да ги победува битките на теренот. Само така може да се спаси од отказ.

Се вчитува...