Мурињо збесна на прес: Имам три титули во Англија, а сите останати тренери – две!

Манчестер јунајтед беше декласиран од Тотенхем на „Олд Трафорд“ со 0-3, а Жозе Мурињо не можеше да ги прифати критиките на негова адреса. На прес – конференцијата збесна, се пофали дека во кариерата освоил три титули во Премиер – лигата, и си замина.

„Загубивме со 0-3, три, бројот на моите титули во Англија. А сите останати тренери во Премиер – лигата имаат вкупно две. Респект, респект, покажете малку повеќе респект. Од тактички агол, не бевме надмудрени. Први можевме да поведеме, но не успеавме од идеална шанса. Потоа се тргна во непосакувана насока“, изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...