Мурињо: Златната топка има политичка страна

Жозе Мурињо смета дека „Златната топка“ не е исклучиво награда за фудбалските квалитети и резултатите на играчите, туку дека во изборот постои и политички аспект.

Португалскиот тренер говореше за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот и не го криеше својот скептицизам околу начинот на кој се носат одлуките.

„Златната топка има политичка страна, и тоа не ми се допаѓа“, порача Мурињо, споредувајќи го изборот со други ситуации во фудбалот во кои, според него, не одлучува само спортскиот квалитет.

Мурињо во своето излагање се осврна и на Килијан Мбапе, за кого смета дека има квалитет да биде меѓу главните кандидати за најголемото индивидуално признание.

Португалецот зборуваше и за Карло Анчелоти, со кого има долгогодишно ривалство и меѓусебно почитување. Според Мурињо, италијанскиот стручњак е еден од најуспешните тренери во историјата и човек кој со својата работа оставил огромна трага во фудбалот.

Се вчитува...