Муроја ја освои првата титула во авионските трки

Јошихиде Муроја мина низ сите фази, од разочарување до делириум на последната трка од светското првенство Ред Булл Аир Раце, откако најпрвин се соочуваше со елиминација во првата рунда кога сите 14 пилоти од Мастер класата возеа дуели „1 на 1“, се до крајот на трката кога ја освои титулата светски шампион. Во финалето за 2017 година, чешкиот пилот Мартин Шонка го освои второто место во генералниот пласман, додека Канаѓанецот Питер МекЛиод е трет.

Поради пласманот на саботните квалификации, Шонка како четврти и Муроја како единаесетти се сретнаа во првата елиминациска рунда, од која натаму одат 7 победници и оној пилот со најдобро време од губитниците. Муроја леташе прв и заработи казна од две казнени секунди, по што се соочуваше со елиминација. Сепак, летот на Шонка се случи при силен ветер на патеката и тој собори една воздушна кула и заработи казна од три секунди, што овозможи јапонскиот херој да влезе во втората рунда на најдобрите 8 пилоти. Другите двајца пилоти со шанси да се борат за тронот беа елиминирани во првата рунда: Пит МекЛиод и Кирби Чемблис едноставно „се сопнаа“, но водечкиот на табелата Шонка, исто така влезе меѓу најдобрите осум како „среќен губитник“. И тој и Муроја беа далеку подобри во второто возење и продолжија од рундата на 8 пилоти во последната рунда насловена „Финал 4’“.

Муроја повторно беше прв на патекаа и леташе бестрашно, поставувајќи рекорд на патеката од 1:03,026, а тоа беше пресилно за Шпанецот Хуан Веларде и за ланскиот шампион Матијас Долдерер. Мартин Шонка беше последен и го почувствува притисокот, но имаше чист безгрешен лет а воедно и технички дефект при што механизмот на едното крило му блокираше, па неговото време падна на 1:07.280. Тоа доведе до ситуација Муроја да ја освои првата титула за себе, но во ист момент и за Азија и за Јапонија.

При доделувањето на наградите за пласманот во трката, Долдерер му се придружи како второпласиран, а Веларде како трет. На церемонијата за доделување на титулите одгенералниот пласман Муроја доби „туш“ од шампањско вино од Шонка, додека Меклиод исто така за прв пат се појави меѓу првите тројца на крајот од сезоната и го понесе пехарот како трет во годината што изминува.

Ова е чудесно поглавје за историјата, да се освои победа на Индијанаполис. Беше најизедначено на табелата, со четири пилоти кои беа во можност да станат светски прваци се до самиот крај. На почетокот од сезоната ме немаше никаде, па патот до тука беше долг и тежок, но успеавме. Мислев дека часовникот покажува друго време, дека не е можен резултат каков што извозев во последниот настап. Дури и при симулацијата на компјутерот тоа време не беше можно, така што очигледно нешто ме притискало. Очигледно тоа беа навивачите, моето семејство, мојот тим, па затоа им благодарам на сите“ – изјави Муроја.

Освојувањето на првата титула светски првак за еден Јапонец воедно беше прв случај такво нешто да се случи на автодромот во Индијанаполис, патека што веќе има еден век трки зад себе. Поранешниот Ф1 возач и победник на трката „Индијанаполис 500 милји“, Такума Сато, беше на трката за да навива за Муроја.

Резултати Индијанаполис 2017: 1. Јошихиде Муроја (Јапонија), 2. Матијас Долдерер (Германија), 3. Хуан Веларде (Шпанија), 4. Мартин Шонка (Чешка), 5. Петр Копфштајн(Чешка), 6. Микаел Бражо (Франција), 7. Мајкл Гулијан (САД), 8. Мат Хол (Австралија)

Конечна табела: 1. Јошихиде Муроја 74 поени, 2. Мартин Шонка 70 поени, 3. Питер МекЛиод 56 поени, 4. Кирби Чемблис 53 поени, 5. Петр Копфштајн 43 поени, 6. Мат Хол40 поени, 7. Матијас Долдерер 39 поени, 8. Хуан Веларде 37 поени.

Се вчитува...