Мурто Узуни – славеше како Кристијано… пред Кристијано (видео)

Мурто Узуни го шокираше Јувентус постигнувајќи гол за водство на Ференцварош на „Алијанц Арена“ во Торино. Албанскиот интернационалец знаеше како да ги искористи своите „пет минути на слава“, па реши голот да го прослави во стилот на Кристијано Роналдо, притоа со поглед барајќи го токму Португалецот.

Португалецот одговори со гол на спротивната страна, Ференцварош на крајот несреќно загуби, но Узуни дефинитивно ќе го памети вечерашниот натпревар цел живот.

Се вчитува...