Муса Дембеле, пет години во Лион

Досегашниот напаѓач на Селтик, Муса Дембеле, се пресели во Франција и во наредните пет сезони ќе го носи дресот на Лион. Тој за сума од 20 милиони фунти во последниот ден од летниот преоден рок се согласи на долгогодишна верност кон францускиот тим.

Дембеле блесна во Селтик под раководство на Брендан Роџерс, а претходно го носеше дресот на англискиот тим Фулам.

„Ова е нов предизвик за мене, и многу се радувам што ќе го носам дресот на Лион. Ќе имам можност да се докажам пред широкиот аудиториум“, изјави Муса Дембеле, по потписот за новиот клуб.

 

Се вчитува...