Напаѓачот на шкотскиот првак Селтик, Муса Дембеле, е пред трансфер во редовите на францускиот прволигаш Лион. Тој треба да биде замена за Маријано Дијаз, кој ќе се врати во Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра. Лион за Дембеле е подготвен да плати 25 милиони евра и се надева дека ќе го комплетира трансферот во финишот на летниот преоден рок.
„Има понуда за Муса Дембеле. Во европскиот фудбал едноставно морате да бидете подготвени и на вакви работи. Ќе видиме што ќе се случува во наредните денови, но и Селтик е активен на пазарот“, изјави менаџерот Брендан Роџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА