Муса го предводеше Реал до победа во Милано, Партизан ја освои Атина

Џанан Муса беше џокерот на Реал Мадрид за победа на гостувањето кај Милано. Босанскиот репрезентативец одигра неверојатен натпревар во кој со 25 поени, 5 скока и 5 асистенции ги предводеше „кралевите“ до победа од 77-83.

Него го следеше хрватскиот репрезентативец Марио Хезонја со 15 поени и 4 скока, додека најрасположен во домашниот тим со 21 поен беше Кевин Пангос.

Партизан стигна до третата победа во низа откако во Атина славеше против Панатинаикос со 89-91. Беглрадскиот тим одлично го започна мечот и веќе во првата четвртина водеше со 16-31, а и покрај тоа што грчкиот тим успеа да се врати во игра во финишот „црно-белите“ одолеаја на налетот.

Со 29 поени Пантер го предводеше Партизан до победа, додека Бејкон постигна 17 поени за Панатинаикос.

Баерн Минхен го шокираше Анадолу Ефес во Минхен славејќи со 81-78, додека Басконија триумфираше над Макаби со убедливи 116-87.

Се вчитува...