Мускулот го мачи Елмас на 20 дена до Косово

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас заработил повреда на мускулот на препоните поради која на последниот тренинг на Наполи морал да тренира одвоено од останатиот дел од тимот.

Медицинскиот тим на Наполи треба да изврши дополнителни прегледи по кои ќе се знае сериозноста на повредата на Елмас. Оваа информација е проблем за селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски бидејќи бараж натпреварот против Косово е за помалку од три недели. Наполи викендов нема натпревар во Серија А, а во следното коло на 14. март ќе се сретне со СПАЛ.

Се вчитува...