Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу е херој на неговиот Падерборн во победата на гостувањето кај Кајзерслаутерн од 1-2 во меч од 21. коло во Втората германска лига.
Откако домаќините стигнаа до брзо водство од 1-0 уште во 3. минута преку Елведи, гостите од пенал преку Кинсомби израмнија на 1-1 во 65. минута. Тогаш на сцена стапи македонскиот фудбалер кој со гол во 72. минута ги постави конечните 1-2 и донесе голема победа за својот тим.
Kaiserslautern 1-[2] Paderborn – Visar Musliu 72′
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА