Муслиу и Инголштад земаа бод кај лидерот Вердер

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, се најде во тимот на Инголштад цел натпревар на гостувањето во Бремен кај Вердер, а двата тима одиграа нерешено 1-1.

Вердер водеше, а Инголштад се спаси преку Билбија на пет минути пред крајот.

Инголштад со ова избегна од последното место на табелата, и сега е претпоследен, но и натаму со мали шанси за опстанок, додека Вердер со ова „реми“ се искачи на првото место на табелата во втората Бундеслига.

Се вчитува...