Муслиу играше цел меч, Инголштад со четврти пораз по ред

Ако не го смени клубот на лето, Висар Муслиу ќе игра во третата германска лига. Неговиот тим Инголштад денеска е поразен од Кил со 1-0, и тоа беше четврти пораз по ред за „фенерџијата“ во втората Бундес-лига.

Муслиу одигра цел меч за гостите, кои не успеаја да се одбранат, па така сега опстанокот е речиси невозможен. Инголштад заостанува цели 13 бодови од баражот, а 15 од директниот опстанок на седум кола до крајот на првенството.

Муслиу се пресели во Инголштад од Мол Фехервар и е стандарден во екипата од Германија.

Се вчитува...