Муслиу: Македонија има светла фудбалска иднина

Висар Муслиу имаше уште еден одличен настап за македонската репрезентација. Во ситуација кога во одбранбената линија немаше премногу работа, членот на Вардар одлично се снајде по еден корнер на Алиоски и во 36. минута ја затресе мрежата на Лихтенштајн, кршејќи го отпорот на гостите и најавувајќи ја убедливата победа. Муслиу по мечот не го криеше задоволството за голот, но и за целокупното издание на нашиот национален тим, кое дава верба во посветла иднина.

Среќен сум што го постигнав својот првенец за македонската репрезентација и уште посреќен што прославивме убедлива победа. Мислам дека во следниот циклус ќе можеме да направиме уште подобар пласман, а секако и успеси во Лигата на нации. Македонија има светла иднина во фудбалот, оваа одлична атмосфера треба да ја задржиме и да ја надградиме. Имаме одличен спој на младост и искуство“ – истакнува Висар Муслиу.

Се вчитува...