Муслиу: Мораме сите да ставиме прст на глава и да гледаме што побрзо да се подобриме

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 5-2 на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

По натпреварот стоперот, Висар Муслиу вели дека мора сите да стават прст на глава…

„Факт е дека овие квалификации примаме премногу голови. Очигледно е дека нешто не е во ред. Од пет гола, четири да примиш од прекин е неприфатливо за ова ниво. Мораме да бидеме повеќе сконцентрирани. Мораме да анализираме каде правиме грешки, бидејќи очигледно е дека овој меч имавме многу мани. Во игра бевме добри, но прекините ни се слаба точка. Мораме пред се играчите да ставиме прст на глава и да гледаме што побрзо да се подобриме и да гледаме во иднината“, изјави Муслиу. 

Се вчитува...