Муслиу: Нема лесен противник, но фаворити сме против Летонија

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Четири бода од двете врзани гостувања и нема да бидат “слаб плен”. Вака размислува дефанзивецот Висар Мислиу во пресрет на дуелот в понеделник против Летонија, шести во квалификациите за ЕП 2020. Секако, ќе треба да се победи Летонија овде во Рига за да се исполни таа мисија.

“Нема лесни противници во денешниот европски фудбал, но свесни сме дека влегуваме како фаворити во мечот со Летонија. Ќе сториме се за да оствариме триумф и да го заокружиме овој мини циклус со четири освоени бода. Сепак, ќе треба да одиграме максимално и да ги победиме Летонците. Бодовите на ниту еден натпревар не се гарантирани. Жалиме што не освоивме три против Израел во Бер Шева, но сакаме три овде во Рига против Летонија”–  изјави Висар Муслиу.

Селекцијата на Летонија има пет убедливи порази во досегашните пет квалификациски мечеви во групата за пласман на ЕП 2020.

Се вчитува...