Муслиу отпадна за Велс, „виси“ и Атанасов

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде ослабена за клучниот дуел од квалификациите за СП 2026 против Велс откако Висар Муслиу отпадна од комбинација за дуелот што ќе се игра во вторник навечер во Велс.

Македонската експедиција вечерва пристигна во Кардиф, но Муслиу воопшто не беше дел од составот кој отпатува за Велс. Тој се мачеше со незгодна повреда, лекарите се обидоа да го оспособат за настап, но на крајот беше одлучено дека ризикот е преголем, па клучниот дефанзивец дефинитивно ќе го пропушти последниот меч од овој квалификациски циклус.

Селекторот Милевски се соочува со уште еден проблем откако и Јани Атанасов се пожали на повреда на стартот од подготовките за дуелот со Велс.

Атанасов допатува со репрезентацијата на Островот, а утре би требало да биде донесена одлуката дали тој ќе може да помогне на овој дуел.

За потсетување, Македонија и Велс се наоѓаат на делба на второто место на табелата, а на нашите фудбалери им е доволно и реми во Кардиф за да останат на оваа позиција и преку квалификациите да обезбедат учество во баражот, откако веќе го сторија тоа и преку Лигата на Нации.

Се вчитува...