Висар Муслиу е пред останување во таборот на Инголштад, кој што следната сезона ќе се натпреварува во германската трета лига. Само добра понуда може да ја смени ситуацијата за македонскиот репрезентативец, кој денеска замина на подготовки во Австрија за новата сезона во Германија.
Стоперот на македонскиот национален тим пред неколку дена во изјава за „ЕКИПА“ истакна дека се враќа во Инголштад со кој има договор, но потоа ќе се одлучува дали ќе замине или ќе остане.
„И Муслиу е со нас на летниот камп“, стои во објавата на „Инголштад“ пред денешното заминување на тимот во Јужен Тирол.
Муслиу дојде во Инголштад на почетокот на оваа година, со цел да обезбеди опстанок во втората Буднеслига, но откако не успеа сега неговиот тим ќе игра во третата, а Муслиу ќе чека добра понуда за да ја смени средината. За него има интерес од неколку клубови од „Цвајте“, каде што прикажа добри партии во вториот дел од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА