Муслиу со прекрасен гол донесе победа за Мол Види

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу постигна победнички гол за Мол Види во 8. коло од најсилниот шампионат на Унгарија.

Мол Види пред своите навивачи триумфираше со 2-1 против Дебрецин благодарение на погодокот на Муслиу во 66. минута од средбата. Претходно домашните со голот на Ковач во 9. минута, а Адениџи израмни за гостите во 29. минута.

Муслиу како и вториот македонски репрезентативец во редовите на Мол Види, Бобан Николов, го одиграа целиот натпревар за домашните.

Се вчитува...