Муслиу стрелец, Мол Фехервар во четвртфиналето на унгарскиот Куп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу беше стрелец на победничкиот гол за Мол Фехервар на дуелот против Ујпешт во Купот на Унгарија. Мол Фехервар се пласираше во четвртфиналето, а Муслиу го трасираше патот со погодокот во 89.минута од средбата. Бобан Николов беше на клупата за резерви откако се опорави од непријатната повреда.

Се вчитува...