Муслиу: Тешко беше да се игра против Косово, но ние сме професионалци и сакаме победи со Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Косово со 2-1 и се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство 2021 година. Репрезентативниот штопер, Висар Муслиу вели дека иако за него лично било тешко да се игра против Косово, сепак е професионалец и сака да победува со Македонија.

„Првично можам да кажам дека сме среќни што се квалификувавме. Целта беше да се победи овој натпревар и да бидеме таму каде што сакавме. Очекувавме да биде тежок натпревар натпревар на кој мора да се даде максимумот. Не беше лесно да се игра против Косово, да бидам искрен. Но, ова е спорт, ние сме професионални играчи и сакаме победи со Македонија. Знаеме дека животот продолжува и по овој натпревар“, изјави Муслиу.

Историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 2021 година, Македонија ќе го игра против Грузија на 12. ноември на гостински терен.

Се вчитува...