Муслиу: Трите бода од Вадуц како мотив потоа за пресметката со Германија

Незаменливиот во дефанзивната линија на македонската репрезентација Висар Муслиу вели дека ќе биде исклучително важно да не се прими гол во Вадуц на дуелот против Лихтенштајн за да се дојде до посакуваниот триумф во квалификациите за СП 2022.

„Знаеме што треба да направиме да освоиме три бода на мечот против Лихтенштајн за кој се подготвуваме максимално. Многу важен меч за нас на кој се надеваме дека се ќе биде на наша страна. Покажавме на последните натпревари со овој ривал дека ние сме фаворити и се надевам дека ќе биде се во ред. Треба да ја поправиме реализацијата и да не примиме гол. Ќе ги следиме насоките на Благоја Милевски и се надевам дека ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел. На хартија секако сме фаворити иако противникот воопшто не е наивен“ – вели Муслиу.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра на 8. октомври на „Рајнпарк Арена“ во Вадуц. Следниот дуел потоа за избраниците на Благоја Милевски во октомврискиот прозорец е пресметката со Германија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 11. октомври.

Се вчитува...