Муту: За нас зборот „негру“ значи нешто друго

Легендата на романскиот фудбал, Адриан Муту застана во одбрана на Себастијан Колтеску, судијата кој направи хаос на дуелот помеѓу ПСЖ и Бахчешехир откако асистентот на турскиот состав, Пиер Вебо го нарече „негру“. Двата тима заминаа во тунелот, а дуелот не се одигра. Поранешниот играч на Челси и Јувентус го објасни толкувањето на зборот во романскиот јазик.

„Се надевам дека тоа не Ве погоди. За нас, зборот „негру“ значи нешто друго. Ние не сме расисти и навистина е штета што дојде до овој немил настан. Тој само го одбра погрешниот збор во погрешен момент.“ – изјави Романецот.

Натпреварот ќе продолжи денеска со нова судиска тројка, овој пат предводена од Данецот Дени Макели.

Се вчитува...