МВП Андреј: Оваа титула ја посветуваме на фамилијата Божиновски

МЗТ Скопје ја продолжи децениската доминација во мак-баскетот откако во финалето од Првата лига славеше над Еуро Никел со 3-0. Аеродромци умешно го користеа целиот свој арсенал во текот на серијата и во три меча да го скршат отпорот на тврдиот противник.

Еден од најзаслужните за новата титула на МЗТ Скопје беше Андреј Магдевски кој оваа сезона прерасна во вистински лидер на тимот. Репрезентативецот блесна во финишот на мечот во Гевгелија во кој со девет поени во последните четири минути го доведе тимот до „брејк“, а одличната форма на бекот продолжи и на третиот натпревар во кој ги предводеше аеродромци со 21 поен, 6 скока и две украдени топки со што стигна до МВП наградата.

Андреј Магдевски денешната победа и титулата ја посвети на фамилијата Божиновски и прерано починатиот ракометар и фан на МЗТ Скопје, Марко.

„Честитки до екипата на Еуро Никел за фер и коректната игра на овие три неизвесни натпревари. И покрај големите осцилации во текот на целата сезона на крајот истата ја запечативме со двојна круна. Оваа титула ја посветуваме на фамилијата Божиновски“, изјави за ЕКИПА, репрезентативецот.

Се вчитува...