МВП – Дамјан Стојановски: АБА ни остави лузна, но титулата е лек за таа рана

Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, го доби признанието за МВП на финалната серија, по одличните настапи што македонскиот репрезентативец ги имаше на трите финални средби против Работнички.

Стојановски погоди кога беше најважно на вториот меч на гостински терен, а беше прецизен и во клучните моменти од денешниот последен финален дуел.

Славевме со максимални 3-0 во финалето, но овие натпревари никогаш не се лесни. Знаеме колку е тешко да се игра против Работнички, мора да се даде се од себе за да се стигне до резултатот што се посакува. Ако се гледа севкупно дефинитивно ја заслуживме титулата. Цела сезона игравме добро, ова беа многу напорни девет месеци во кои поголемиот дел од натпреварите игравме на највисоко ниво. Останува тагата што не влеговме во АБА1, тоа е лузна на сезонава, но оваа титула е лек за таа рана“ – изјави Дамјан Стојановски.

Се вчитува...