„МВП е политичка награда, Леброн заслужува повеќе“

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен играч (МВП) на најсилната лига во светот четири пати во кариерата, а Кајл Кузма смета дека „кралот“ оваа награда требало да ја добие повеќе пати.

По победата на Лејкерс над Хорнетс (116: 105), Кајл изјави дека „сите знаат“ дека Леброн Џејмс требаше да биде признат како најкорисен играч во НБА лигата најмалку осум пати.

„Сите знаеме дека МВП е политичка награда. Леброн требаше да го добие ова признание осум, девет или десет пати. Секој го знае тоа“, рече Кузма.

Леброн исто така даде свој коментар за оваа изјава, па кажа дека и тој се согласува со Кајл.

„Верувам дека требаше да ја добијам таа награда повеќе од четири пати. Убеден сум дека и другите одлични играчи сметаат дека требало да бидат наградени неколку пати, само прашајте ги. Но, јас нема да лелекам за тоа. Секоја сезона се обидувам да ја освојам титулата најкорисен играч. Секоја година е нова можност, сакам да докажам дека сум најдобар. Се надевам дека ќе продолжам да играм добро, па ќе видиме“, изјави Леброн.

Се вчитува...