МВП Лазаров – Последниот мундијалски танц на капитенот

Кире Лазаров го одигра последниот мундијалски меч во фантастичната кариера против Белорусија, за што сосема заслужено го доби и признанието за МВП на мечот. Последниот мундијалски танц на „Бум-бум Кире“ беше онаков каков што доликува на македонската ракометна легенда, со седум гола и шест асистенции, за жал недостигаше само триумф за заокружување на оваа последна епизода на Лазаров во „земјата на фараоните“, државата каде го одигра првото, сега и последното големо натпреварување во кариерата.

Десниот бек одигра капитенски, во првото полувреме даде шест гола, во вториот дел ги разигра помладите репрезентативни колеги, воедно и успеа да стигне до неверојатен рекорд од 500 постигнати погодоци за Македонија на големите натпреварувања.

Падот во квалитет на ова СП беше и повеќе од очигледен, ќе биде уште поголем откако Лазаров и дефинитивно ќе му каже збогум на националниот тим, но Лазаров зад себе ќе остави бројни рекорди и достигнувања кои треба да бидат мотив за помладите, да ги следат неговите стапки.

Се вчитува...