МВП Македонија – „Октоподот“ Никола Митревски

Македонија имаше свои адути во текот на целиот натпревар, младиот Костески блесна со пет гола во првото полувреме, капитенот Лазаров беше лидер со осум постигнати гола, во вторите 30 минути голем дел од товарот во нападот го понесе и Жарко Пешевски.

Сепак, најстандарден во текот на 60-те минути беше голманот Никола Митревски. Асот на Порто го отвори мечот со три интервенции при првиот напад на противникот, а потоа имаше уште неколку одбрани во клучните моменти.

Севкупно гледано, тој собра 11 интервенции, со што го заслужи епитетот – МВП во македонскиот табор при оваа драгоцена победа.

Се вчитува...