МВП на 10. коло во ПЛМ – Диванте Мофит (ВИДЕО)

Десеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест возбудливи натпревари по кои до нови победи стигнаа ТФТ, Пелистер, Кожув, МЗТ Скопје, Феникс 2010 и Еуро Никел.

Во колото проследено со одлични индивидуални настапи најкорисниот играч ни доаѓа од средбата одиграна во „Шабан Трстена“ каде се сретнаа Чаир 2030 и Еуро Никел. A, и покрај тоа што на триумф се радуваа кавадарчани, најдобриот настап му припадна на кошаркарот на чаирчани, Дивате Мофит кој постигна 38 поени, додаде и 6 асистенции за индекс на корисност од 36 поени.

 

Се вчитува...