МВП на Евролигата за Дончиќ: Го чував, пробав да бидам агресивен, а тој не ме ни почувствува

Василије Мициќ одигра сезона за помнење која ја заврши со МВП признанијата за регуларниот дел од Евролигата, како и за самиот Ф4 турнир на кој ја освои шампионската титула. Притоа Србинот во „перфектната сезона“ стигна и до титулата во турското првенство.

Говорејќи за Арена Спорт, Мициќ откри интересен момент од дуелите против словенското „џудо од дете“, Лука Дончиќ, кој подоцна му помогнал во играта.

„Го чував во Каунас додека играв за Жалгирис. Тогаш најверојатно бев и во најдобра форма. Се трудев константно да бидам агреисвен, да го „затворам“, а тој не ме ни почувствува. Се запрашав за што станува збор. Да се разбереме, јас не се споредувам со Лука, но тој аспект од играта ми беше неверојатен. Сметам дека доаѓа од смиренсот, самодоверба и прифаќање на грешките без драма. Дали го „поттиснува“ тоа во себе не знам, но на него не се осеќа“, вели Мициќ кој продолжи…

„Се обидов да вметнам во мојата игра таков стил. Минатата година во јануари имав ситни повреди. Мислев дека морам да бидат 100 отсто здрав за да бидам добар на теренот, но играв буквално со половина сили. Така тоа делуваше, на пример против Баерн во Минхен, а бев МВП на натпреварот. Тогаш си реков себе си: Тоа е можно. Потоа бев МВП и во следното коло против Алба. И доколку го гледате натпреварот ќе приметите дека играв „лагано“. Кога некој ќе ме притисне, ја додавам топката, се поместувам, а кога ќе добијам топка играм концизно, прецизно. Не се уморував многу во одбраната, ја чував енергијата. Оваа година беше доказ дека се е можно и секако, секогаш има место за напредок“.

Се вчитува...