МВП на финалната серија – Андреј Магдевски!

МЗТ Скопје со триумфот во финалната серија против Еуро Никел ја потврди децениската доминација во мак-баскетот, освојувајќи ја осмата титула во девет сезони, а МВП на оваа серија е Андреј Магдевски.

Репрезентативецот беше еден од најзаслужните за славјето со 3-0 во серијата против кавадарчани откако во вториот финален натпревар со девет поени во низа донесе „брејк“ во Гевгелија, а денеска беше и прв стрелец на својот тим со 21 поен, 6 скока и 2 украдени топки.

Магдевски беше творец и на едни од најбитните поени на денешниот меч откако при резултат 76-72 со тројка го „скрши“ неколкуминутниот пост на својот тим и ги одведе „сино-белите“ на чекор до титула.

Се вчитува...