МВР поднесе кривични пријави за седум „Балисти“ и седум „Војводи“

Министерството за внатрешни работи на РМ, преку СВР Тетово, поднесе кривични пријави за седум припадници на навивачката група на второлигашот Тетекс, „Војводи“ како и за седум членови на навивачката група на Шкендија, „Балисти“ поради насилничко однесување.

Како што информира МВР, членовите на „Војводи“ на 2. и 3. ноември извикувале навредливи пароли на националистичка основа, додека пријавата против „Балистите“, покрај за навредливи пароли е и поради фрлање камења и тврди предмети кон угостителски објект на улица „Борис Кидрич“.

Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 02.11.2018 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Исто така, на 03.11.2018 година во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.

На 04.11.2018 година во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот. 

Се вчитува...