МЗТ 2 преку Ангели до прва победа сезонава

Кошаркарите на МЗТ Скопје 2 стигнаа до првата победа сезонава во домашниот шампионат, откако на гостински терен славеа против „новајлијата“ КК Ангели со 73-90. „Штркчињата“ фуриозно го стартуваа мечот добивајќи ја првата четвртина со 19-28.

Домаќините заиграа далеку подобро во вториот период и на полувреме заминаа со негатива од само четири поени (42-46). Сепак, тоа беше се што успеаја да направат Ангели во мечот, а тимот од Аеродром со сигурна игра во второто полувреме успеа да стигне до првиот триумф сезонава.

Митевски со 18 и Ремсон со 17 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените недоволе беше 21 поен на Ајзеа Мандерсон.

Се вчитува...