МЗТ брка финале во Гевгелија, Блокотехна сака „мајсторка“ во Скопје

МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна денеска (18.30 часот) го играат четвртиот натпревар од полуфиналната серија во домашниот кошаркарски плеј-оф. Бранителот на титулата има предност од 2-1 во победи. Затоа еден триумф го дели актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, од нов пласман во финалето. Актуелниот првак кој доминира во македонскиот шампионат веќе шест сезони има можност во четвртиот натпревар од полуфиналната серија со Блокотехна да ја реализира потребната трета победа и да се соочи со Работнички во битките за трофејот.

„Пристапот го реши победникот на завчерашниот дуел во Скопје и верувам дека ако во мечот влеземе со иста решителност и желба за успех дека ќе можеме да дојдеме до толку посакуваниот „брејк“. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот и дека ќе ја повториме истата игра која би била гаранција за успех. Во Гевгелија одиме по пласман во финалето и верувам дека ќе успееме во тоа – вели тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов. 

Кошаркарите на Блокотехна не одиграа на посакуваното ниво на последниот меч во Скопје, но тоа им е мотив повеќе да заиграат најдобро што можат, во обид да останат во оваа полуфинална серија.

„Знаеме дека она што го покажавме во Скопје не е најдоброто од нас и ќе сториме се за да го повториме тој впечаток. Едно е сигурно, ние ќе сториме се за да победиме, ќе оставиме срце на терен, а дали ќе биде доволно, ќе видиме. Сакаме да бидеме чисти пред себе, дека сме сториле се за да стигнеме што подалеку, играме добра кошарка цела сезона и ќе настојуваме така да остане до крај“ – изјави Стојан Ѓуроски.

Екипата на Работнички вчера го обезбеди деветнаесеттото финале во кое ќе се бори за петнаесеттата титула откако со убедливи 3-0 го елиминираше Куманово во полуфиналната серија.

 

 

Се вчитува...